УЕФА ги замоли сите играчи од 24 репрезентации да престанат да ги поместуваат или тргаат позиционираните спонзорски пијалоци. За ова дискутираше директорот на натпреварите Мартин Кален.
„Ова е важно затоа што заработката од спонзорите е важна за натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неопходни за да се обезбеди развој на фудбалот низ цела Европа, вклучително и младите и жените”, рече Кален.
Кален ги предупреди фудбалските федерации дека се можни и казни затоа што играчите преку нивните федерации се договорно обврзани да ги почитуваат условите и правилата на натпреварувањето. Тој исто така истакна дека ги разбира играчите како Погба, кои тоа го прават од религиозни причини.

