Фудбалерот на Франција, Кингсли Коман, денеска доби дозвола од селекторот и од УЕФА да ја напушти базата на „триколорите“ во Париз и да присуствува на пораѓањето на неговата сопруга.
Французите на стартот ја совладаа Германија со 1:0 а утре ги очекува пресметката со Унгарија на стадионот во Будимпешта.
Одлуката за временото отсуство на Коман е донесена во договор со челниците на УЕФА бидејќи репрезентативците се обврзани на строги протоколи поради пандемијата со Ковид-19.

