Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон ,смета дека освоениот бод против Англија му дава на тимот можност да ја мине групата на ЕУРО 2020.
Шкотланѓаните остануваат последни во групата Д со еден бод во првите два меча, но доколку успеат на третиот натпревар против Хрватска, можат да продолжат понатаму.
„Овој бод ни дава шанса да излеземе од групата. Не чека тежок натпревар со Хрватска. Овој резултат значи дека можеме да бидеме еднакви со силните и треба да ни дадеме поголема самодоверба”, изјави Робертсон по ремито со Англија.

