Капитенот на Франција, голманот Уго Лорис рече дека треба да бидат задоволни од нерешениот резултат со Унгарија во однос на се што се случуваше на натпреварот. Избраниците на Дидие Дешамп израмнија во второто полувреме и натпреварот заврши 1:1.
„Дешамп ни рече да останеме позитивни. Со оглед на развојот на натпреварот, мора да бидеме задоволни од ремито. На вакви натпревари, кога противникот води, тоа ги комплицира работите. Тие беа добро организирани“, изјави Лорис.
„Секако дека сме разочарани, но мора да останеме позитивни. Имавме добра ситуација во првото полувреме. Го промашивме последниот удар. Сега сме сконцентрирани на мечот со Португалија“, додаде Уго Лорис.

