Францускиот напаѓач Антоан Гризман го постигна седмиот гол во кариерата на завршницата од европските фудбалски шампионати и се изедначи со легендата на Англија, Алан Ширер, на третото место на вечната листа на голгетери. Фудбалерот на Барселона го изедначи резултатот на мечот на светскиот шампион против Унгарија (1:1) на Еуро 2020. Гризман и Ширер, се стрелци на головите на Еуро 1996 и ЕП 2016, имаат по седум погодоци.
Лидер на оваа листа на стрелци е Кристијано Роналдо со 12 голови, а го следи легендарниот француски репрезентативец Мишел Платини со 9.
Топ 10 стрелци на головите во историјата на ЕП:
- Кристијано Роналдо (Португалија) – 12 гола
- Мишел Платини (Франција) 9
- Алан Ширер (Англија) 7
Антоан Гризман (Франција) 7 - Патрик Клајверт (Холандија) 6
Тиери Анри (Франција) 6
Нуњо Гомеш (Португалија) 6
Руд ван Нистелрој (Холандија) 6
Златан Ибрахимовиќ (Шведска) 6
Вејн Руни (Англија) 6

