Холандскиот фудбалски репрезентативец, Мемфис Депај, од 1 јули ќе биде играч на Барселона. Каталонците денеска го потврдија неговиот трансфер.
27-годишниот напаѓач ќе пристигне на стадионот – „Камп Ноу“ и ќе потпише соработка за две сезони. Пред него Барса ги обезбеди и услугите на поранешните фудбалери на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро.
Депај кој е дел од Холандија на тековното ЕП, претходно ги носеше дресовите на:ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и Лион.

