Новиот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го донесе напаѓачот на Евертон и англиската репрезентација, Доминик Калверт-Левин на стадионот -„Сантијаго Бернабе“, најавија медиумите.
Италијанскиот тренер соработуваше со 24-годишниот напаѓач додека седеше на кормилото на англискиот состав. Тој проценил дека Калверт-Левин може да биде одлична замена Карим Бензема.
„Карамелите“ за неговата слобода бараат 50 милиони фунти. Калверт-Левин одигра одлична сезона под водство на Анчелоти и постигна 21 гол.

