Со победата од 1:0 над селекцијата на Велс, Италија со максимални 9 бода го потврди првото место во групата „А“ на Европското првенство во фудбал. Единствениот гол на мечот го постигна Песина во првото полувреме, а и покрај поразот Велшаните како второпласирани со 4 бода обезбедија место во втората фаза.
Швајацарија која вечерва ја совлада Турција со 3:1 остана на третото место, само поради полошата гол разлика од Велс. Два гола од трите за Швајцарците денеска постигна Џердан Шаќири, а третиот беше дело на Сеферовиќ.
Голот за Турција беше дело на Кавечи. Турците со само еден гол и без бод се збогуваа од ЕП.

