Катар ќе побара од сите навивачи кои сакаат да присуствуваат на СП во фудбал следната година да имаат сертификат за вакцинација.
Шеикот Калид бин Калифа, премиер на арапската земја, вели дека ќе обезбеди милион дози вакцини со цел да се имунизираат оние кои сакаат да го следат планетарното првенство.
„Сигурен сум дека до почетокот на Светското првенство во 2022 година, повеќето земји ќе ги вакцинираат своите граѓани. Ако некои не се во можност, ќе обезбедиме вакцина. Општо, никој што не е имунизиран нема да може да влезе на стадион“, истакна Калид бин Калифа.
