Ракометарите на Вардар1961 подготовките за новата сезона ќе ги започнат на 15 јули во Скопје. Тука ќе бидат до 19-ти кога екипата ќе замине на Златибор и ќе остане до 29 јули.
По враќањето од Србија, „црвено-црните“ ќе работат во Скопје и ќе се подготвуваат за настапот на Струшкиот турнир и на „Хумел купот“ во Магдебург.
Во август се предвидени и четвртфинални средби од СЕХА лигата против ППД Загреб. Термините за сите наброени настани допрва ќе бидат одредени од страна на организаторите.

