Победата на Данска против Русија и поразот на Финска од Белгија го формираше и вториот пар за првата фаза на елиминации на Европското фудбалско првенство.
Данците сега ќе играат со Велс додека Австрија претходно со победата против Украина си закажа пресметка со Италија.
Во осмина-финалето се влезени и: Англија,Шведска, Швајцарија, Холандија, Чешка и Франција, кои дополнително ќе ги дознаат противниците. Континеталниот собир заврши за Турција, Русија и нашата селекција.

