Англиските репрезентативци, Мејсон Маунт и Бен Чилвел се во изолација и нема да играат на денешниот натпревар против Чешка.
Двајцата се надвор од ростерот бидејќи по мечот со Шкотска имале контакт со Били Гилмор, кој вчера доби позитивен тест за Ковид-19. Иако тестовите на Маунт и на Чилвел се негативни, тие за секој случај ќе бидат одделени од групата на „трите лава“.
Англичаните соопштија дека по веста за Гилмор, сите 26 репрезентативци кои беа тестирани се негативни на корона-вирусот.

