Хрватска и Шкотска доцна вечер од 21.00 часот ќе ги одмерат силите на стадионот – „Хемден парк“ во Глазгов во натпревар од последното 3 коло во групата Д на Европското првенство.
Шкотскиот селектор, Стив Кларк, ќе го нема Били Гилмор, кој е заразен со корона-вирус додека неговиот колега, Златко Далиќ, ќе може да ги изнесе на теренот најдобрите. Шкотска загуби од Чешка а потоа ремизираше со Англија на „Вембли“. Во исто време, Хрватска започна со пораз од Англија и реми со Чешка.
Хрватска: Ливаковиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Гвардиол, Модриќ, Ковачиќ, Перишиќ, Крамариќ, Брекало, Ребиќ. Шкотска: Маршал, Тирни, Хенли, Хендри, Робертсон, Мек Грегор, Мектомини, О’Донел, Мекгин, Дајкс, Адамс.

