Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ постави втор неверојатен рекорд зад неговото име.
Играчот за врска на Реал Мадрид беше стрелец на вториот гол за Хрватска при победата од 3:1 над Шкотска во натпревар од групата Д на Евро 2020 и стана најстариот стрелец на гол за Хрватска на Европските шампионати – 35 години и 286 дена.
Интересно е тоа што, Лука Модриќ исто така се уште е официјално најмлад стрелец на Хрватска на Евопските првенства. Тој постигна гол во Австрија на Евро 2008 година кога имаше 22 години и 273 дена.

