Играчот за врска на Шкотска, Калум МекГрегор го постигна својот прв гол во дресот на Шкотска, но тоа не беше доволно за победа против Хрватска и неговиот тим загуби со 1:3 на својот последен натпревар од групата Д на Евро 2020. Така, Шкотска го заврши учеството на ЕП во групата со Хрватска, Чешка и Англија кои продолжуваат во 1/8 финалето.
„Дадовме се од себе, но не можевме да ја покажеме играта што требаше. Можеби бевме уморни од тешкиот натпревар против Англија во петокот, но од друга страна имавме првокласен тим како противник. Горд сум што го постигнав мојот прв гол со националниот дрес. Ова е сон на секое момче. Имаше 4-5 минути по паузата, кога можевме да постигнеме повеќе, но како што реков – имавме одличен тим пред нас“, прокоментира МекГрегор.

