Барселона ќе го објави новиот договор на мегаsвездата Лионел Меси на 24 јуни (четврток). Ова го објавија медиумите во Шпанија и Аргентина. Актуелниот договор на Аргентинецот, кој моментално е со својата репрезентација на Копа Америка, истекува на 30 јуни и по тој датум тој ќе биде слободен агент.
Детали за рокот на новиот договор на Меси не изостануваат, иако се неофицијални. Информациите се дека годоворот ќе биде за период од 10 години. Тој ќе ги игра првите две како играч на „Камп Ноу“, следните три ќе ги игра во американската МЛС лига како амбасадор на каталонскиот клуб, а во последните пет ќе има висока позиција во клубот.
33-годишниот Аргентинец целата своја кариера ја помина во Барселона. Минатото лето тој сакаше да замине, но раководството на тогашниот претседател Јозеф Марија Бартомеу не го пушти да замине.

