Читателите на веб страната „Шампионат“ во Русија учествувале во истражувањето за судбината на селекторот на руската репрезентација Станислав Черчесов по неуспехот на Европското првенство – 2020.
Да потсетиме дека репрезентацијата загуби од Данска во последното, 3. коло од групната фаза (1:4) и го освои последното четврто место во групата Б.
Од скоро 30.000 читатели кои учествувале во анкетата, 72 % сметаат дека Черчесов треба да ја напушти руската репрезентација. 22 % од читателите се сигурни дека ниту еден тренер не можел да го спаси овој тим.
Четири проценти се за тоа Черчесов да продолжи да работи, бидејќи настапот на националниот тим на Еуро ги исполнил очекувањата. Конечно, два проценти се категорично против отпуштањето на Черчесов и сметаат дека немаат алтернатива.

