Барселона ќе добие обештетување од ФИФА за повредата на играчот за врска Усман Дембеле. Како што објавија медиумите, Французинот поради повреда мораше да ја напушти селекцијата на Франција и сега мора да оди на операција.
Закрепнувањето на Дембеле ќе трае околу четири месеци, а според правилата на ФИФА, клубовите добиваат компензација за повреда на играч додека бил во националниот тим за време на турнирите вклучени во меѓународниот календар.
Плаќањата се вршат ако играчот е повреден подолго од 28 дена. Доколку Дембеле остане 4 месеци надвор од терените, Барса ќе добие приближно 2,5 милиони евра отштета.

