Пред натпреварот Германија-Унгарија во Минхен многу се зборуваше за потегот на домаќинот кој побара дозвола – „Алијанц-Арена“, да биде осветлена во боите на виножитото.
УЕФА го одби тоа а Германците се разочарани затоа што на тој начин се дискриминираат човековите права и слободи. Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс на денешната прес-конференцијата се појави во маица на Адидас со натпис „Љубовта обединува“ и меѓу другото зборуваше на таа тема.
„Уште кога пристигнав во тренинг кампот, ја имав маичката. Требаше да биде засилена со фактот дека првиот активен играч во НФЛ призна дека е хомосексуалец. Тоа е сосема нормално во светот на спортот. Дури и малите гестови се чекор во вистинската насока“, рече Хумелс.

