Фудбалската репрезентација на Италија е една од најдобрите според игрите и учинокот на Европското првенство.
Пред почетокот на шампионатот италија се сметаше како фаворит од сенка, но избраниците на Роберто Манчини одиграа перфектно во групната фаза и со три победи се пласираа во осминафиналето.
Но, таму ќе бидат видно ослабени во одбраната. Како што пишуваат медиумите во Италија, Манчини за натпреварот со Австрија нема да може да смета на искусниот Џорџо Киелини и десниот бек Флоренци.
Двајцата, не го одработиле ниту денешниот тренинг на селекцијата, па се очекува дека ќе го пропуштат дуелот со Австрија кој се игра утре.
Флоренци се повреди уште на стартот од натпреварот од првото коло против Турција и не играше на следните натпревари, додека Киелини не го заврши дуелот со Швајцарија. Натпреварот меѓу Италија и Австрија на програмата е в сабота од 21:00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.

