Одреден е идеалниот тим за групната фаза на Евро 2020, објави веб-страницата на УЕФА. Екипата е во шема 3-4-3 и во неа има најмногу претставници на Холандија – три а најмногу поени собра капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо.
Во случај на идентичен број на поени, предност имаат играчите со помалку минути на теренот или со помала пазарна вредност. Идеален тим на ЕП:
Голман: Џанлуиџи Донарума (Италија) – 18 поени, Дефанзивци: Дензел Дамфрис (Холандија) – 22, Емерик Лапорт (Шпанија) – 20 и Том Муниер (Белгија) – 18. Играчи од средниот ред: Андриј Јармоленко (Украина) – 20, Џорџино Ваиналдум (Холандија) – 23, Џердан Шаќири (Швајцарија) – 21 и Емил Форсберг (Шведска) – 23. Напаѓачи: Патрик Шик (Чешка) – 21 година, Кристијано Роналдо (Португалија) – 29 и Мемфис Депај (Холандија) – 20.

