Започна психолошката војна пред големиот натпревар Англија – Германија. Имено, Велика Британија објави кошмарни вести за гостинските навивачи – никој од нив нема да биде примен на Вембли во вторник.
Причина за тоа се епидемиолошките мерки поврзани со Ковид-19. Имено, доколку Германец влезе на Островот, ќе мора да покаже негативен тест за PCR и да биде во карантин во траење од 10 дена. Датумот на пристигнување не се брои.
Затоа Англиската Амбасадата во Германија во официјалното соопштение испрати апел до Германците да не патуваат во Лондон бидејќи нема да можат да ги исполнат условите за да присуствуваат на мечот кој ќе биде одигран во вторник.

