Паника го зафати таборот на Англија пред големиот натпревар со Германија во 1/8 финалето на Европското фудбалско првенство.
Причината за тоа е што новинарот кој близок до „Трите лава“ дал позитивен тест за корона-вирус. Имено, репортерот на – „Скај Спорт“, кој е еден од ретките што речиси секој ден беше во тренинг базата и се дружеше со репрезентативците, дал позитивен резултат на Ковид 19 и веднаш е ставен во изолација.
Англичаните се надеваат дека тестирањата пред мечот со „панцирите“, нема да покажат заболени во нивниот табор.

