Македонската тениска Дејвис куп репрезентација со денешната победа против Молдавија успеа да се пласира во третата европска група.
Во сингл дуелите, Калин Ивановски славеше со убедливи 6:1, 6:1 против Андреј Горба додека Горазд Србљак беше подобар од Максим Казак со 6:1, 6:0. Мечот во двојки не се играше бидејќи немаше никакво значење.
Ќе потсетиме дека на турнирот на терените на ТК „Југ“ во Скопје, Македонија победи против Косово и Андора а единствениот пораз го претрпе од селекцијата на Сан Марино.

