Летот на чешката репрезентација за мечот со Холандија во Будимпешта од четвртфиналето на Евро 2020 беше одложен за неколку часа поради несреќен случај.
Утрото, откако тимот ги зазеде своите места и пилотот се подготвуваше да го напушти аеродромот во Прага, од непозната причина, беше активирана воздушна скала за итни случаи.
Бидејќи обратниот процес трае многу долго, полетувањето беше одложено за попладнево. Чесите ќе играат против „лалињата“ в недела во 18 часот.

