Капитенот на фудбалската репрезентација на Чешка, Владимир Дарида, е под знак прашалник за мечот со Холандија од осминафиналето на Евро 2020, објави Чешката фудбалска федерација.
Играчот за врска на Херта го пропушти последниот трениг на тимот со мала повреда и не е јасно дали ќе може да учествува на натпреварот во Будимпешта.
Чесите последниот тренинг го имаа во Прага, бидејќи технички проблем го одложи заминувањето за главниот град на Унгарија.

