Англиската репрезентација се подготвува дури и за изведување на пенали на натпреварот против Германија. Во вторник, тимот на Герет Саутгејт се соочува со Бундестимот во судир во осминафиналето на УЕФА ЕУРО 2020.
Англија никогаш не победила против Германија во натпревар од директните елиминации на Европско првенство. Последниот ваков судир беше на Евро 1996 година, кога натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел и Германците победија со 6:5 на пенали. Актуелниот селектор на „Трите лава“ е тој кој го промаши решавачкиот удар од белата точка.
„Тренираме многу пенали. Тренираме со идеја дека треба да знаеме што да правиме ако дојде ред за нив“, вели дефанзивецот Џон Стоунс.

