Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп ги сподели своите очекувања од мечот со Швајцарија во 1/8-финалето на Евро 2020.
„Не можеме да ги потцениме. Ова е плеј-офф натпревар, затоа мора да дадеме се од себе за да имаме насмевки на лицето на крајот од мечот. Мораме да ја покажеме нашата најдобра игра. Жештината во Будимпешта за време на последниот натпревар од групната фаза си го направи своето. Имавме дополнителен ден помеѓу натпреварите – пет, а не четири. Но, нашите ривали имаа осум дена, што е многу подобро. Тука е исто така жешко, но сепак е малку полесно за телото да издржи таква температура“, додаде Дешамп на прес-конференцијата пре мечот.
Француската репрезентација ќе игра со селекцијата на Швајцарија утре, 28 јуни. Победникот од овој четвртфинален натпревар ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Хрватска.

