Репрезентацијата на Чешка успеа да го изненади фаворизираниот тим на Холандија и да се пласира во четврфиналето на Еуро 2020.
Чешка ја совлада Холандија со 2:0 на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта и закажа нов натпревар на ова ЕП. Се чини дека клучниот момент на натпреварот беше црвениот картон на Матијас Де Лихт во 55.минута кога играше намерно со рака. Веднаш потоа Чешка дојде до водство со голот на Холеш во 68.минута, а победата на Чешка ја потврди Патрик Шик во 80.минута.
Со оваа победа Чешка успеа да се пласира во четвртфиналето и ќе игра против Данска во Баку на 3.јули од 18 часот.

