Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, може да донесе изненадувачка одлука и да го вметне во почетна постава Мејсон Маунт на утрешниот меч со Германија на Европското првенство.
Играчот за врска заедно со неговиот соиграч од Челзи, Бен Чилвел, тренираше одвоено од тимот повеќе од една недела бидејќи двајцата мораа да се изолираат по контактот со Били Гилмор, кој беше позитивен на тестот за ковид-19.
Маунт и Чилвел можат да им се придружат на соиграчите дури утре откако ќе им истече карантинот. Сепак, според „Скај Спортс“, Саутгејт планира да го вклучи играчот од средниот ред во почетната постава.

