Стоперот во редовите на фудбалската репрезентација на Холандија, Матијс Де Лихт, признава дека неговиот црвен картон ја направил разликата во мечот со Чешка и влијаел на поразот од 2:0.
„Загубивме поради мене, многу сум разочаран бидејќи го имавме мечот под контрола и не смеев да дозволам тоа да ми се случи. Ги гледав последните минути како тимот страдаше, се обвинував“ – вели Де Лихт.
„Црвениот картон дефинтивно ја направи разликата. Чешка е физички силна, ни беше тешко. Болно е кога сте елиминирани на таков начин“- вели репрезентативецот на „лалињата“.

