Селекторот на Украина, Андриј Шевченко зборуваше пред 1/8-финалната пресметка на ЕП 2020 против Шведска, дуел кој се игра вечерва во Глазгов.
Според поранешниот напаѓач, нема фаворит или аутсајдер на натпреварот, а победник ќе биде поподготвената екипа во моментот.
„Ние сме различни тимови, нашите стилови на игра не се исти. Убаво е што ќе имаме поддржувачи на стадионот. Украина има голема дијаспора во Велика Британија. Ќе се обидеме да ги израдуваме со позитивен резултат, но нема да ветувам ништо. Шведскиот тим има јасен стил, тие се добро подготвени, физички се силни и ги користат своите најдобри квалитети. Тие ја заслужуваат нашата целосна почит. Имаат двајца добри напаѓачи кои убаво се движат на теренот. Шведска може да притисне, да се врати назад, да дејствува агресивно. Се подготвуваме за секакви сценарија. Треба да бидеме претпазливи во статични ситуации, да бидеме подобри во дуелите. Очекувам многу тежок натпревар“, изјави Шевченко

