Голманот на Швајцарија кој беше јунак на осминафиналниот натпревар со Франција, Јан Зомер ја имаше можби својата најголема фудбалска вечер откако го одбрани решавачкиот петти пенал на Килијан Мбапе и го однесе неговиот тим во четвртфиналето на Евро 2020.
Голманот објасни дека никој од неговите соиграчи не се предал откако во еден момент Франција водеше со 3:1, напротив веруваа во себе и успеаа да го израмнат резултатот на 3:3.
„Каков натпревар ! Каква фудбалска вечер ! Конечно добивме шанса да го играме во четвртфиналето. Неверојатно е е се ова што се случуваше вечерва ! Игравме со срце и горд сум на овој тим. Верувавме до последниот, па дури и кога бевме два гола зад светските шампиони. Ние секогаш играме до последната минута и никогаш не се предаваме“, рече Зомер.

