Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер, не крие дека е изненаден од вчерашната сензационална елиминација на „галските петли“. Франција која беше главниот кандидат за титулата, доживеа елиминација од Швајцарија по изведувањето на пеналите.
„Тимскиот дух не смее да се доведе во прашање. За жал, имавме проблем, премногу ја базиравме играта на контра-нападите. На ваков собир се постигнуваат многу голови од изградени акции“ – изјави Венгер.
„Франција покажа многу малку од тоа. Швајцарија имаше изградени акции и постигна такви голови“ – нагласи Венгер кој ја има улогата на стручен коментатор.

