Фудбалската репрезентација на Англија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на ЕУРО2020, откако вечерва во Лондон со два гола во завршните 15 минути ја совладаа Германија во претпоследниот осминафинален натпревар на Европското првенство.
Англичаните поведоа преку Рахим Стерлинг во 75 минута, а во 86. минута победата за пласман во следната фаза ја запечати Хари Кејн.
Томас Милер ја имаше шансата на мечот за Германија за израмнување на 1:1, но биеше за малку непрецизно откако се најде очи в очи со англискиот голман Џордан Пикфорд.
Англија во четвртфиналето ќе игра во Рим против победникот од вечерашниот завршен осминафинален натпревар меѓу Украина и Шведска.

