Англискиот фудбалски клуб Евертон и шпанскиот тренер Рафаел Бенитез постигнаа договор за тригодишен договор и тој ќе биде потпишан во текот на денот, објавија медиумите на Островот.
Евертон го бара својот петти менаџер во последните пет години откако Карло Анчелоти, кој минатата сезона го предводеше тимот до десеттото место во Премиер лигата, реши да се врати во Реал Мадрид. Така, Евертон влезе во преговори со 61-годишниот Бенитез, што предизвика различни реакции кај навивачите на тимот, бидејќи Шпанецот го предводеше Ливерпул. Во февруари 2007 година, тој го нарече Евертон „мал клуб“.
На Бенитез неколку пати му се закануваа со транспаренти. Еден од нив беше поставен пред неговата куќа, а на кој пишувало: „Знаеме каде живееш, не потпишувај“. Шпанецот и неговото семејство живеат во оваа област од 2004 година, кога беше на клупата на Ливерпул.
