Легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, проценува дека „Гордиот Албион“ има широко отворена врата да го освои победничкиот пехар на Европското првенство.
Селекцијата што ја предводи, Герет Саутгејт, ја совлада Германија со 2-0 во Лондон и во четвртфиналето ќе се соочи со селекцијата на Украина која по продолженијата со 2:1 ја елиминираше Шведска. Доколку „трите лава“ ја совладаа Украина, тогаш ќе играат во полуфиналето (на Вембли) со победникот од мечот меѓу Чешка и Данска.
„Фудбалерите ја победија Германија на импресивен начин. Англија нема да има никогаш подобра шанса. Ако се пласираат во финалето, тоа ќе бидат 6 натпревари на Вембли“ – рече Ширер.

