Репрезентативецот на Белгија, Дрис Мертенс, кој игра за Наполи, не крие дека е возбуден што ќе се соочи со Италијанците и нивниот стил кој добро го познава. Двете селекции ќе се соочат в петок во четврт-финалето.
„Тие играат неверојатен фудбал. Целиот тим е опасен. За мене, натпреварот е многу посебен, италијански тим ги воодушеви сите на турнирот” – рече Мертенс.
34-годишниот фудбалер кој од 2013 година, го носи дресот на Наполи, сега ќе се соочи со неговите клупски колеги: Лоренцо Инсине, Џовани Ди Лоренцо и Алекс Мерет.

