Германската фудбалска легенда, Јирген Клинсман, во интервју вели дека никој во Германија не разбира зошто крилото Џејдон Санчо не е стартер во англиската репрезентација на ова ЕП.
„Во Германија, ова прашање се дискутира насекаде. Никој не може да разбере зошто Санчо не е стартер, или барем не добива поголема минутажа за играње, затоа што секој во земјата ги знае неговите квалитети и веруваме дека тој е многу посебен играч кој може да игра со поголема брзина. Тој е непредвидлив. Затоа сите сме изненадени зошто тој не добива повеќе шанса“, рече Клинсман.

