Лионел Меси од денеска и официјално стана слободен играч. Фудбалерот на Барселона и официјално го заврши досегашниот со каталонскиот клуб, а нов нема потпишано.
Со оглед на тоа што досега не е објавено потпишување на нов договор, сега сите опции се на маса. Најреално е дека Аргентинецот ќе остане верен на клубот, но додека Меси е на Копа Америка, официјална потврда на оваа информација нема.
Од него се очекува да донесе конечна одлука по континенталниот шампионат, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави во неколку наврати дека е оптимист за останувањето на Меси.

