Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле го сподели своето мислење за ривалот Белгија во четвртфиналето на Еуро 2020. Натпреварот ќе се одржи утре во Минхен и ќе биде мало финале пред финалето и за двете селекции.
„Белгија е прва на ранг-листата на ФИФА. Тоа е тим со извонредни играчи во составот и сите знаеме за нивниот голем потенцијал. Треба да бидеме внимателни и да се стремиме да играме на ист начин како и досега. Можеби Белгијците се малку поискусни од нас, но ние сме полни со ентузијазам“, рече Имобиле.

