Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед.
Како што објави „ЕСПН“, „црвените ѓаволи“ се блиску до купување на 28-годишниот француски фудбалер на кој му останува уште една година според договорот со Реал Мадрид. Англискиот клуб е уверен дека Рафаел Варан ќе може да го добијат за 50 милиони евра, и покрај првичните барања на Реал Мадрид (70 милиони евра).
Реал е подготвен да се раздели со играчот за тој да не замине бесплатно за една година. Варан ги брани боите на Реал Мадрид од 2011 година, а пред тоа играше за Ленс, ода чија школа потекнува.
Минатата сезона, Рафаел учествуваше на 31 натпревар од шпанскиот шампионат, постигна два гола и доби два жолти картони.

