Репрезентациите на Италија и на Белгија денеска од 21.00 часот ќе се сретна на – „Алијанц Арена“ во Минхен во рамките на 1 / 4 финалето на Европското фудбалско првенство. Токму пред мечот, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, ја опиша Белгија како најдобриот тим на светот.
„Во последниве три години тие се најдобриот тим на листата на УЕФА. Ја почитувам Белгија, но, мора да играме како што знаеме, свесни сме за нашите можности “, прокоментира Манчини.
„Имавме тежок меч со Австрија и заслуживме да победиме. Не постојат лесни натпревари, тоа сите го гледаме“ – вели Манчини.

