Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез има голема почит кон Италија. Двата тима денеска ќе бидат ривали во четвртфиналето на Евро 2020. На задолжителната прес-конференција, Мартинез ја коментираше ситуацијата со повредените Еден Азар и Кевин Де Бруин кои го напуштија тренингот порано.
„Одлуката за нивно учество ќе биде донесена во последен момент пред натпреварот. Има сериозен напредок со Еден, но можеби тоа не е доволно за да започне. Ситуацијата на Кевин е слична, ќе видиме како ќе се чувствува“ – рече Мартинез.
„Италија е храбра репрезентација, многу кохезивна. Тие играат брзо и вршат висок притисок. Мора да го почитуваме противникот иако сме мотивирани да победиме. Малку е жално што двете екипи се среќаваат толку рано на турнирот. Италија е во состојба да се адаптира на противникот, ќе одлучат деталите “ – вели Мартинез.

