Фудбалската репрезентација на Шпанија е прв патник во полуфиналето на Еуро 2020. Во четвртфиналето на стадионот во Санкт Петербург, Шпанците по подобро изведување на пенали ја елиминираа Швајцарија.
Шпанците го отворија резултатот во 8-та минута благодарение на автоголот на Денис Закарија, откако претходно шутираше Алба. Швајцарија израмни во 68. минута со голот на Џердан Шаќири.
Во 77-та минута Швајцарија остана со десетмина по црвениот картон на Ремо Фројлер. По продолженијата немаше промени, па се премина на изведување на удари од белата точка.
Шпанците беа подобри во пенал-рулетот. Серхи Бускетс, кој ја отвори серијата, ја погоди стативата, но шпанскиот голман Унаи Симон одбрани два пенала, а Олмо, Морено и Ојразабал стрелаа прецизно за победа од 3:1 во пенал-серијата.

