Капитенот на Данска, Симон Кјаер, по победата против Чешка и пласманот во 1 /2 финалето на ЕП, откри дека целите на тимот биле големи и пред почетокот на шампионатот.
„ Сакавме да одиме на „Вембли“. Ќе лажам ако кажам дека ќе бидеме задоволни само со полу-финалето. Треба да ја вратиме силата бидејќи ќе имаме нов натпревар за четири денови” – рече Кјаер и се осврна на мечот со Чешка.
„Требаше да работиме многу напорно и да одиграме подобра одбрана. Веројатно премногу им дадовме иницијатива, но, заслужено одиме натаму“ – изјави репрезентативецот на Данска.

