Играчот од средниот ред на Данска, Томас Делејни, кој беше избран за фудбалер на мечот со Чешка , истакна дека противниците дејствувале премногу активно во нападот и дека тоа го приморало неговиот тим да се брани.
„Не игравме како што сакавме, но, успеавме да го извлечеме посакуваниот резултат и да влеземе во полу-финале. Тоа е неверојатно искуство”, рече Делејни.
„Поставивме за цел да се вратиме на Вембли и сега сме тука. Со нетрпение го очекувам тоа. Поддршката што ја добиваме и радоста што ја чувствуваме. Од Данска до Баку, не прави горди” – нагласи репрезентативецот на Данска.

