Играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ, кариерата може да ја продолжи во Англија. Според весникот „Експрес“, Тотенхем почнал разговори со 31-годишниот Босанец.
Каталонскиот клуб би сакал да се раздели со играчот, бидејќи тој не е вклучен во плановите на тренерот Роналд Куман. Во последната сезона, Пјаниќ одигра 30 натпревари, на кои не постигна гол. Според информациите, Каталонците за него ќе бараат сума од околу 20 милиони евра.
Барса му понуди на Миралем да го раскине договорот во заедничка соработка, но Босанецот одби.

