Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека тој и неговиот тим нема да бидат задоволни само од пласманот во полуфиналето на Еуро 2020. Англија в среда на домашен терен во Лондон против Данска ќе се бори за финале.
„Веќе се справивме со толку многу проблеми, надминавме многу бариери. Чувствувам дека играчите го доживуваат овој натпревар како уште еден предизвик. Нема да бидеме целосно задоволни ако застанеме тука. Кога пред три години игравме полуфинале на СП 2018, имавме чувство дека сме поминале далеку“, изјави Саутгејт.

