Холандскиот судија Дани Макели е назначен да ја дели правдата на второто полуфинале на Еуро 2020 меѓу селекциите на Англија и Данска. Холандскиот арбитар досега веќе судеше на три средби на ова ЕП.
Тој беше главен судија на отворањето на првенството на средбата меѓу Италија и Турција, а потоа го судиеше и дуелот меѓу Русија и Финска. Последен негов меч на ова ЕП беше дуелот од осминафиналето меѓу Германија и Англија.

